Италијанскиот шампион, Јувентус во сабота ќе ја пречека Рома од 20.30 часот, а во пресрет на дербито Кристијано Роналдо со неколку пораки успеа да го навлече гневот на противничките фанови.
Португалецот, кој летово се пресели во Јувентус, се присети на сезоната 2006-07 кога како играч на Манчестер Јунајтед се радувал на победата од 7-1 против Рома во Лигата на шампионите.
Водевме 6-0 кога еден играч на Рома ме молеше да престанам да ги дриблам. Некои дури и се закануваа дека намерно ќе ме повредат. Верувајте ми тој тим беше многу посилен од оваа екипа што ја има Рома, истакнал Роналдо.
Навистина не гледам со кој играч од составот на Рома би можел да го разменам дресот, додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.