Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Најдобар играч на векот“ во изборот организиран од „Globe Soccer Awards“.
Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е играч на годината.
Триесет и петгодишниот Роналдо ја доби наградата „Играч на XXI век“ (2001-2020) во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) Мохамед Салах (Ливерпул) и Роналдињо (поранешен фудбалер на Барселона).
Во текот на својата кариера, Португалецот играше за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Тој стана европски шампион со репрезентацијата на Португалија, ја освои Лигата на шампионите пет пати, стана шампион на Англија трипати, а на Шпанија и на Италија по двапати. Роналдо ја освои Златната топка пет пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.