Двата гола за Португалија, на „Пушкаш арена“ во Будимпешта беа дело на Кристијано Роналдо, и двата постигнати од пенал.
Со тоа, португалскиот ас се изедначи со Иранецот, Али Даеи по бројот на голови за репрезентација.
И Роналдо и Даеи имаат по 109 постигнати погодоци за своите селекции, и го делат светскиот рекорд.
Роналдо стана и прв стрелец во историјата на Мундијалите и Европските првенства. Португалецот, кој постигна седум гола на светските првенства и 14 на континенталните, го престигна Мирослав Клосе, кој го држи рекордот за голови на светските шампионати – 16.
Кристијано стана првиот играч кој играл на пет Европски првенства по ред. Учествуваше на ЕП 2004, по што редовно се појавуваше на теренот на следните турнири.
Роналдо исто така стана првиот играч во историјата на ЕВРО кој постигнал најмалку три гола на три различни турнири (ЕП 2012, ЕП 2016, ЕП 2020).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.