Учесниците на Европското првенство (ЕП) би можеле да добијат парични казни доколку продолжат да ги поместуваат пијалоците на спонзорите за време на прес-конференциите за медиумите.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реагираше откако Кристијано Роналдо тргна две шишенца со кока-кола, а неговиот потег го следеа уште неколку други репрезентативци.
„УЕФА ги потсети учесниците дека спонзорите и партнерите се дел од турнирот и дека помагаат во развојот на фудбалот ширум Европа“, соопштија организаторите.
Меѓутоа казните нема да ги плаќаат фудбалерите, туку фудбалските сојузи ќе треба да платат казни поради нивните репрезентативци.
Пијте вода! Роналдо не сака „Кока-кола“ – Република (republika.mk)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.