Репрезентацијата на Португалија синоќа во Белград одигра 2-2 во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2022.

Во последната минута, трета од судиското надополнување, холандскиот судија Дени МекКели не досуди гол на Кристијано Роналдо откако топката ја мина гол-линијата. По негодувањето на 36-годишниот Португалец, судијата го казни играчот со жолт картон, а по мечот, Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот.

По овој натпревар, Португалија и Србија имаат по 4 бода и се на првото и второто место во групата А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.