Португалскиот фудбалер и еден од најдобрите играчи на овој спорт во историјата, Кристијано Роналдо на гостување кај Пирс Морган зборуваше за најубавите голови кои ги има видено во својата кариера.
Очекувано, Роналдо го издвои погодкот кој го постигна против Јувентус како еден од најубавите, ако не и најубав во историјата на фудбалот.
Се обидувам да дадам таков гол цела кариера. За мене тоа беше еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот. Не дека го постигнав јас, би го кажал тоа и да го дадеше кој било друг играч. Мислам дека во ножички никој не дал таков гол како мене, -истакна Роналдо, а потоа Морган само кратко го запраша дали чувството кога ќе постигне таков гол е подобро од се**от.
Од се**от? Не. Барем не со мојата Џина, -кажа Роналдо по што следеше насмевка во студиото.
Cristiano Ronaldo reveals how good Georgina is in bed 😱😂😂 pic.twitter.com/s4BpLBg30L
— Tia Africa (@tia__africa) September 18, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.