Кристијано Роналдо на извонреден начин се снајде во Серија А, потврдувајќи дека и годините се најмалку важни за максимална адаптација од една во друга најсилна лига.
Сепак, Ла Лига заминувањето на Роналдо го почувствува како силен удар затоа што повеќе ја нема онаа пресметка Роналдо – Меси кои сега, евентуално, може да се сретнат само во Лигата на шампионите.
Како и да е, компетитивноста на Роналдо полека влегува во опсесивни води. Па, Португалецот преку интервјуто пренесено и од „Газета дело спорт“ испраќа порака до својот најголем ривал, Лионел Меси:
Меси, јас тргнав по нови предизвици, сега е ред на тебе… Те чекам во Италија!“
А, на прашање всушност дали Меси му недостасува?
Не, мислам дека е обратно. Јас по заминувањето од Португалија играв во Премиер лигата, и во Примера и во Серија А. И секаде победував и освојував титули. А, тој е постојано само на едно место. Во таа смисла, веројатно јас сум му многу попотребен на Меси отколку тој мене. Многу го почитувам, фантастичен фудбалер е и добро момче. Но, фудбалерот расте само низ нови предизвици, а јас своите ги најдов во Италија. Тука сум, знае каде може да ме најде ако и тој се одлучи на некој нов предизвик“ – порачува Кристијано.
Јувентус по нешто е, тврди ЦР7, и подобар од Реал….
Тука сите сме како семејство, а има ‘некои’ места на кои некои се чувствуваат поважни од другите. Тука, ако Дибала или Манџукиќ не постигнат гол, секако по мечот ќе ги видите весели и насмеани, драго им е што некој друг постигнат гол, не се самите на себе најважни. Е тоа е убавината на Јувентус“ – вели Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.