Романскиот судија, Себастијан Колтеску, кој е обвинет дека расистички го навредил помошник тренерот на Башакшехир, Пјер Вебо, поради што натпреварот против ПСЖ беше прекинат и во минататото имал бурни одлуки како судија.

Колтеску не е многу ценет како судија ниту во Романија каде што често пати знаел да направи хаос на натпреварите што ги судел. Тој дури и неодамна остана без ФИФА значката, а мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир требаше да му биде последен европски меч во кариерата.

Пред нешто повеќе од две недели Колтеску направи хаос со одлуките на дуелот Газ Метан – Стеуа, а поранешниот судија Адријан Порумбои по тој меч изјави дека тој не треба да биде професионален судија.

Целата кариера му е исполнета со црни дамки. Можеби некогаш бил талентиран, но, сепак, требало да се одлучи за друга професија. Како судија морате да биде непристрасен. Човечки е да се греши и тоа може да се прости, но не постои натпревар каде што тој немал влијание на резултатот – вели Порумбои.

Во 2015 година, пак, сопственикот на Стеуа бараше Колтеску да се исклучи од судиската организација.

Треба да биде исфрлен. Јас сум подобар судија од него – изјави тогаш сопственикот на најпознатиот романски клуб.

Колетску во 2007 година беше и казнуван. Тогаш судеше нисколигашки натпревари, а после овој скандал неговата кариера дефинитивно е завршена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.