Романските медиуми, вечерва излегоа со ексклузивна вест, која се поврзува со капитенот на Македонската репрезентација , Горан Пандев, а тоа е дека тој бил виден во центарот на градот како вечера со своето семејство, и покрај строгите мерки, и забраната за напуштање на балонот, во која е сместена Македонската репрезентација.
Горан Пандев, бил снимен додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Македонија, од ЕУРО 2020.
Според Романскиот ПроСпорт, капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.
Останува да видиме, дали навистина се случило ова, или Романските медиуми излегоа со дезинформации.
Извор: Дриблинг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.