Раководството на италијанскиот фудбалски клуб Рома се обиде да ги разведри своите верни повозрасни приврзаници. Од списокот на навивачи со сезонски карти беа избрани оние највозрасните, при што на секој од нив им беше доставен специјален пакет од „римската волчица“.

Во пакетите покрај основни намирници, паста, пиво и слично, некој доби шал, некој дрес, но најважно од сè, во најтешките моменти добија внимание од клубот што со децении го поддржуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.