Италијанската Серија А условно ја казни екипата на Рома со затворање на дел од стадионот „Олимпико“ на еден натпревар поради дискриминаторски и расистички повици за време на дербито против Милан одиграно во неделата.

Станува збор за дел од стадионот на кој се собираат најрадикалните навивачи на Рома, кои на дуелот против Милан ги навредуваа Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси.

Рома тврди дека клубот со години се бори против расизмот и дискриминацијата.

Во Рома владее нулта толеранција кон расизмот во која било форма и правиме сè што е во наша моќ да се видат тие позитивни промени – соопштија од римскиот клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.