Рома во првата половина од сезонава имаше далеку повеќе проблеми во одбраната отколку во нападот, па на крајот на зимскиот преоден рок ќе се обиде да се засили со хрватскиот репрезентативец, Домогој Вида.

Според пишувањата на италијанскиот медиуми, Вида ќе пристигне во Рим на заем, а „волчицата“ и спортскиот директор Мончи успеале да го надмудрат Интер за да го ангажираат Хрватот. Италијанскиот калчолигаш ќе го откупи неговиот договор на лето за 7,5 милиони евра.

Хрватскиот репрезентативец, кој во Бешикташ дојде од Динамо Киев, на „Олимпико“ ќе има плата од 1,5 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.