Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека нема потреба од дополнителна мотивација за да му направи услуга на поранешниот тим Ливерпул во битката за титулата во Премиер лигата. Неговиот тим гостува во понеделник на Манчестер Сити во дуел кој би можел да биде клучен во трката за титулата во Премиер лигата.
Ливерпул може да се врати на врвот на табелата, ако го победи Њукасл во сабота, а ќе ја задржи својата позиција ако „лисиците“ не загубат при посетата на „Етихад“.
Работам во Лестер и мојот фокус е на Лестер. Нема никакво сомневање. Мислите ми се целосно насочени кон овој клуб и правам се што можам за да постигнам резултати. Кога го водев Ливерпул, бевме во различна фаза. Имавме млади играчи и стигнавме од осмото до второто место за неколку години, па динамиката е различна, изјавил Брендан Роџерс.
Лестер, кој го победи Арсенал со 3-0 во последната средба, се бори за потенцијално место за квалификациите на Лигата на Европа и заостанува три поени од седмиот Вулверхемптон.
Роџерс, исто така, коментираше за евентуалниот трансфер на Јури Тилеманс, кој игра во Лестер како позајмен од Монако.
Тој дојде тука во јануари, бидејќи немаше пракса од почетокот на сезоната. Мислам дека она што Лестер му го покажа е можноста, која ја добива тука секој играч, а особено младите фудбалери. Тој има одлична основа за да продолжи со својот развој. Не знам дали има нешто што е договорено помеѓу клубовите, додал Роџерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.