На денешната прес-конференцијата по победа на македонската фудбалска репрезентација против Исланд и обезбедениот бараж за СП, капитенот Стефан Ристовски откри и дека со себе носел еден посебен подарок од Горан Пандев.

Ристовски пред новинарите изјави дека ја добил капитенската лента од Горан Пандев од неговиот последен натпревар за репрезентацијата, против Холандија на Европското првенство и истата ја зачувал. Денес таа капитенска лента Ристовски ја носел како аманет за среќа од Пандев.

„Капитенската лента што ја носев на овој натпревар претходно ја носеше Горан Пандев, на мечот со Холандија на ЕП. Ја зедов од него и ете ми донесе среќа. Драго ми е што повторно ја израдувавме Македонија“, рече Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.