Капитенот Стефан Ристовски по мечот со Исланд истакна колку е пресреќен за победата и уште еднаш порча дека македонската репрезентација е едно големо семејство.
„Убаво е ова чувство. Преполн сум со емоции…Колку и да звучеше дека пред натпреварот немаме притисок, сепак тој се чувствуваше. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, баражи за европско и светско. Имаме квалитени играчи кои играат во силни првенства и тоа ја направи разликата. Мене ми е драго што донесовме нова радост на македонскиот народ. Оваа соблекувална црн, бел, Албанец, Македонец…Има само еден дрес и за него играме сите. Мило ми е што го сплотивме народот. Денес Македонија покажа дека сака да оди напред и да се избори за тој бараж. Многумина не отпишаа пред време, но ете тука сме во бараж. Не сме репрезентација со многу играчи, кога недостастуваат неколкумина се појавува проблем“, изјави Ристовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.