Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд пројавува силен интерес за една од директорските позиција кај „црвените ѓаволи“.

Клубот веќе се реструктуира под раководство на Оле Гунар Солскјер во обид да ја подобри стратегијата за привлекување нови играчи на „Олд Трафорд“.

Според неодамнешните гласини, Рио Фердинанд се сретнал со извршниот директор Ед Вудворд со кој преговарал за негов ангажман во тимот, а „Дејли мејл“ пишува дека неговата кандидатура е една од најверојатните за позицијата спортски директор, со оглед на неговиот долгогодишен престој во тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.