Португалскиот футсалец Рикардо Филипе Да Силва Брага, попознат како Рикардињо, објави крај на својата кариера во националниот тим.

Oбјавувам крај на репрезентативната кариера. Ова беше неверојатно и незаборавно патување. Ја донесов најтешката одлука во мојата кариера, изјави Рикардињо, кој шестпати беше прогласуван за најдобар светски футсалец.

За репрезентацијата одигра 187 натпревари на кои постигна 141 голови, а Португалија, предводена од 34-годишниот Рикардињо, претходно оваа година за прв пат во својата историја ја освои титулата светски првак.

Рикардињо минатата година потпиша тригодишен договор со францускиот првак АЦС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.