Легендата на Баерн Минхен, Франк Рибери би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата и следната сезона. Французинот ја напушти „Алијанц Арена“ ова лето откако помина таму 12 години, но по се изгледа тој е на пат да остане во Бундеслигата.
Според весникот „Билд“, Ајнтрахт Франкфурт му понудил договор за една сезона на 36-годишниот Французин.
Рибери се уште не одлучил, но сака да продолжи да игра фудбал на високо ниво. Изминативе месеци тој беше поврзуван со клубови од Англија, Италија, Катар и Саудиска Арабија.
Интересен е фактот дека последниот гол на Рибери во Бундеслигата за тимот на Баерн тој го постигна токму против Ајнтрахт. Ова се случи во последното коло од минатата сезона, кога Баварците ја запечатија својата седма последователна титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.