Офсајдот ќе се сигнализира на автоматизиран начин во 2022 година за време на натпреварите на Светското фудбалско првенство во Катар, најави денеска Арсен Венгер, директорот за развој на светскиот фудбал во ФИФА.

Венгер не ги откри модалитетите на ваквиот технолошки напредок.

– Постојат добри шанси офајдат да биде автоматизиран во 2022 година. Јас сум должен да ја чувам тајната, но тоа ќе биде следен голем напредок во фудбалското судење, изјави во Париз поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември идната година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.