Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Каменица Саса се засили пред стартот на новата сезона во домашното првенство и настапот во Лигата на шампиони со репрезентативната голманка на БиХ, Јелена Гвоздерац.

Босанската репрезентативка доаѓа од редовите на Борац Бања Лука, а со Каменица Саса потпиша едногодишен договор.

Македонскиот првак утре попладне со жрепка во Нион ќе го дознае противникот во 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Елитното женско клупско натпреварување, кое од оваа сезона ќе се игра во нов формат со групна фаза, стартува на 18 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.