Сите репрезентативци на Македонија успешно го минаа последниот тест на Ковид-19, наодите им се негативни, па орни и во добро расположение утре во 10 часот ќе патууваат за Тбилиси.
Играме со Грузија меч за историја и прв пласман на големо натпреварување, а победа на 12. ноември на „Борис Паичаѕе“ арената не носи на Европското првенство што ќе се игра следната година.
Хендикеп ќе биде што нема да игра капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој е повреден и иако допатува во Скопје, нема да биде во составот. Место него повикан е младинскиот репрезентативец и член на Шкендија Тотре.
Мечот што ќе го одлучи победникот во Д сегментот во Лигата на Нации во премиерното издание и што е уште поважно ќе му извади билет за ЕП се игра во четврток од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.