Младиот португалски фудбалер, Ренато Санчез изјави дека е незадоволен од минутажата која ја добива на натпреварите. Оваа сезона, тој мина само 730 минути на теренот во 23 натпревари во сите натпреварувања.

Јас сум млад и морам да играм. Тоа што добивам по пет минути на натпревар, воопшто не ми се допаѓа. Ајде да видиме што би било подобро за мене, да одам некаде на позајмица или да го напуштам баерн засекогаш, изјави Санчес.

Дваесет и едногодишниот Португалец пред Баерн беше имаше две успешни сезона во тимот на Бенфика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.