Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Ренато Санчез воопшто не е задоволен од неговиот статус во тимот. Португалецот е „закован за клупата“ и иако има 21 настап во сите натпреварувања во сезонава, обично добива шанса по послендите неколки минути од натпреварите и речиси никогаш не е во стартниот состав на Ковач.
Не можам да кажам дека сум среќен во Баерн. Се трудам многу на тренинзите, но не ме пуштаат да играм. Мислам за тоа што е најдобро за мојот развој. Сакам да играм редовно и можеби во друг клуб ќе ја имам оваа шанса, изјавил Ренато Санчез за „Кикер“.
Младиот Португаец скоро сигурно летово ќе го напушти Минхен каде веќе се најавува голем ремонт на тимот по крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.