Екипата на Шкупи е единствениот македонски претставник кој имаше успешен настап во првото квалификациско коло во евро-куповите.

„Чаирчани“ одиграа реми 1:1 на гостувањето во Приштина кај Лапи, што им беше доволно за пласман во следната рунда поради тоа што во првиот натпревар, одигран во Скопје, славеа со 2:0.

Шкупи поведе во 78 минута со голот на Али Адем, а Дрилон Фазлиу изедначи во 84 минута од натпреварот.

Во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФа, Шкупи ќе игра против Санта Клара од Португалија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.