Поранешниот фудбалер на Арсенал, Абу Диаби ја заврши фудбалската кариера на 32-годишна возраст која ќе се памети по неверојатниот број на повреди. Додека беше во Арсенал, Диаби се повреди дури 42 пати, а потоа се пресели во Марсеј, каде што повторно имаше проблеми и тоа го натера на 32 години да ја заврши кариерата.

Во Арсенал пристигна за околу три милиони евра од Оксер, а на крајот клубот мораше да се откаже од некогаш големиот талент бидејќи никогаш не успеја да „врзе“ неколку натпревари без да заработи повреда.

Во првите неколку сезони повредите го одалечуваа од теренот по неколку месеци, а потоа почна да заработува потешки повреди и пропушти дури 46 меча поради четири различни повреди во 2011/12. Англичаните пресметаа дека Диаби во текот на кариерата во Арсенал вкупно пропуштил 1.479 денови, односно дури четири години не играл поради повреда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.