Реал Мадрид синоќа ја совлада Мајорка со 6:1 во 6. коло од шпанското првенство, а напаѓачот на „кралскиот клуб“ Карим Бензема постави рекорд.

Французинот постигна два гола на овој меч со што има вкупно осум погодоци оваа сезона во Ла Лига. Покрај головите, Бензема има и седум асистенции, со што 33-годишниот фудбалер директно учествуваше во 15 голови на Реал Мадрид.

Таквиот ефект на Бензема е првпат во 21 век некој да има таква статистика по првите шест натпревари во сезоната.

Бензема игра за Реал Мадрид од 2009 година. За ова време, тој одигра 565 натпревари на сите турнири со клубот и постигна 285 голови, достигнувајќи ја границата од 200 погодоци во шпанското првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.