Здравствената служба на градот Неапол, му забрани на Наполи да лета за Торино за мечот од 3. коло во Серија А против Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука ди Марцио.

Забележано е дека службата за безбедност ги блокираше играчите на клубот на аеродромот.

Причината беше избувнувањето на коронавирусот во тимот. Претходно стана познато дека двајца фудбалери и еден вработен во „Наполитанците“ имаа позитивни тестови на коронавирус.

Најверојатно натпреварот ќе биде презакажан за друг термин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.