Младата португалска ѕвезда, Жоао Феликс е речиси сигурно ново засилување на Атлетико Мадрид, иако Реал во последен момент со добра понуда се обидел да го украде.

Марка објави дека неколку часа пред договорот, Реал понудил 130 милиони евра од кои 80 милиони веднаш и уште 50 во неколку бонуси. Бенфика немала против, но самиот Феликс ја отфрлил оваа можност и одлучил да замине во Атлетико.

За 120 милиони евра тој ќе стане најскап фудбалер во историјата на овој мадридски клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.