Реал Мадрид вечерва ја победи Барселона со 2:1 во дербито од 30. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Карим Бензема го отвори резултатот во 13. минута. Тони Крос во 28. минута го удвои водството на домаќините. Во 60. минута каталонскиот клуб намали преку Оскар Мингуе.
Во 91. минута Реал Мадрид остана со играч помалку, до крајот двете екипи имаа по неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа Реал Мадрид излезе на бод пред Барселона, кралскиот клуб има 66 бода колку што има и Атлетико Мадрид, но тимот на Симеоне има меч помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.