Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за ангажман на 19-годишниот фудбалер на Ајакс, Рајан Гравенберх.

Според новинарот на „Скај спортс“, Руди Галети, „кралскиот клуб“ веќе контактирал со агентот на фудбалерот Мино Рајола.

Фудбалерот од средниот ред има договор со Ајакс до 2023 година, а според Галети, Реал Мадрид во него гледа идеален кандидат да се подмлади тимот и да се доведе играч кој ќе им даде можност за одмор на ветераните како Лука Модриќ и Тони Крос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.