Реал Мадрид панира да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Тони Крос.
„Кралскиот клуб“ е подготвен да го продолжи договорот со 31-годишниот Германец до 2024 година, тврди новинарот Николо Шира.
Актуелниот договор меѓу Крос и Реал Мадрид е до јуни 2023 година.
Германецот имаше одлична партија во победата на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано со 2:1. Крос го постигна првиот гол во сезоната, отворајќи го резултатот на натпреварот, а во судиското надополнување со интервенција на гол-линијата спречи изедначување на резултатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.