Aктуелниот европски шампион, Реал Мадрид е подготвен да понуди за напаѓачот на ПСЖ и француски репрезентативец, Килијан Мбапе 280 милиони евра, пишува „Франс Фудбал“.

Како што е наведено, мадридскиот фудбалски гигант има намера наскоро да влезе во активни преговори за трансферот на еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Претходно беше објавено дека раководството на Реал е подготвено да му додели на тренерот Зинедин Зидан повеќе од 350 милиони евра за купување на нови играчи ова лето. Исто така е познато дека претседателот на клубот Флорентино Перез е лично заинтересиран да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа сезона Мбапе настапи на 35 натпревари за ПСЖ, постигна 31 гол и оствари 15 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.