Дефанзивецот Еден Милитао од денеска и официјално е член на Реал Мадрид. Бразилскиот дефанзивец беше претставен како најново засилување на „кралскиот клуб“, а тој пристигна во Реал од редовите на Порто за сума од 50 милиони евра.
Уште од дете сонував еден ден да заиграм за најдобриот клуб во светот. Благодарение на претседателот ми се укажува ваква шанса, ќе сторам се за да ја оправдам довербата и се надевам дека ќе имам одлична сезона и дека заедно ќе испишеме нови страници во историјата на Реал. Хала, Мадрид, гласеше првата изјава на Милитао како играч на Реал.
Флорентино Перез не го криеше задоволството од ангажманот на 21-годишниот фудбалер, кој важи за еден од најперспективните во светот на својата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.