Висок претставник на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ја исклучува можноста Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи, три од 12-те клубови кои се оснивачи на новата Суперлига, да бидат исфрлени од полуфиналето во тековната сезона во Лигата на шампиони.
Од УЕФА најавија дека одлуката ќе биде донесена в петок.
Клубовите мора да заминат, а очекувам тоа да се случи в петок. За тогаш е закажан вонреден состанок на Извршниот комитет и мораме да одлучиме како ќе заврши сезоната – изјави членот на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Фудбалската федерација на Данска Јеспер Молер.
Во полуфиналето на Лигата на шампиони треба да играат ПСЖ – Манчестер сити и Реал Мадрид – Челзи.
Првите натпревари се закажани за 27 и 28 април, додека реваншите се на програмната на 4 и 5 мај.
Финалето треба да се игра на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.