Реал Мадрид е еден од клубовите кои пројавуваат интерес за младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс. Деветнаесетгодишниот напаѓач игра одлично во португалскиот шампионат и веќе има постигнато 7 гола за нешто повеќе од 1.000 минути фудбал.

Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за него, меѓи кои и Барселона, ПСЖ, Баерн М., Јувентус и Атлетико Мадрид.

Фудбалерот го доби прекарот „ураганот Феликс“, а Реал се споменува како клубот кој најсериозно „загризал“ за младиот Португалец. Клаузулата за откуп во неговиот договор е 120 милиони евра, а „кралевите“ се надеваат дека можат да ја намалат оваа сума и да го ангажираат младиот талент за 90 мил. евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.