Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид е подготвен да го отстапи на Манчестер јунајтед велшкиот интернационалец Герет Бејл за да го добие Пол Погба.

Тренерот Зинедин Зидан во повеќе наврати побара од раководството да му го донесе на „Сантијаго Бернабе“ францускиот репрезентативец за кого Јунајтед бара оштета во висина од 150 милиони евра.

За мадридскиот клуб оваа сума е превисока па сакаат дел од износот да го компензираат со Бејл. На тој начин, Реал би се ослободил и од месечната плата на велшкиот фудбалер која изнесува 17 милиони евра.

Останува да се произнесе Манчестер кој не е баш задоволен од изданијата на Погба минатата сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.