Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, денеска бил нападнат од разбојници, а прашање е каков би бил крајниот исход ако до него не се нашшол соиграчот Сеад Колашинац. Поранешниот германски репрезетативец бил мета на напад на двајца разбојници кои го нападнале со нож.

Озил во тој момент се возел низ Лондон, кога рабојници се обиделе да му го украдат неговиот џип Мерцедес.

На видео снимката се гледа како Колашницац излегува од автомобилот и тргнува да се пресмета со вооружените напаѓачи. Германецот со турско потекло го оставил автомобилот среде улица и побегнал во најблискиот ресторан каде персоналот го препознал.

Англиските медиуми пишуваат дека и келнерите и готвачите притрчале да му помогнат.

Двајцата маскирани напаѓачи на мотори се обиделе да го ограбат фудбалерот, но на крај немало повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.