Фудбалерот на италијански Јувентус Даниеле Ругани беше првиот играч позитивен на тестот за коронавирус, а вирусот го пренел и на Пауло Дибала. Сите членови на „Старата дама’, вкупно 121, се во домашен карантин и повеќето од нив ги поминале тестовите. Но, тестиањето покажало дека Дибала има Ковид-19.

Големи се шансите и неговиот сонародник Гонзало Игуаин да биде следниот играч на Јувентус кој ќе мора да се соочи со вирусот, поради блискиот контакт со Дибала. Од европските земји Италија најмногу е погодена, до денес има повеќе од 1.000 мртви и над 15.000 заболени од вирусот.

Светската здравствена организација вчера прогласи пандемија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.