Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи 45-годишниот стратег Роберто Д’Аверса за свој нов тренер.
Д’Аверса, кој претходно ја предводеше Парма, доаѓа во тимот од Џенова на местото на искусниот Клаудио Раниери.
Д’Аверса ја предводеше Парма од декември 2016 година до минатиот август, кога беше заменет со Фабио Ливерани. По серијата лоши резултати на екипата под водство на Ливерани, Парма во јануари го врати на клупата Д’Аверса, но, ниту тој не успеа да го спаси клубот од преселба во Серија Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.