Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос разговарал за неговиот договор со клубот со Карло Анчелоти, објави „Марка“.
На денот кога Италијанецот беше назначен (1 јуни) за главен тренер на „кралевите“ фудбалер му се јавил да ми честита и да му посака успех.
По тој разговор, Рамос побарал од Анчелоти да интервенира во ситуацијата со договорот, за Шпанецот да остане во Реал Мадрид. Тренерот му одговорил дека не може да му помогне, истакнувајќи дека ова прашање треба да се реши меѓу Рамос и претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез.
Рамос играше за Реал Мадрид од 2005 до 2021 година и летово го напушти тимот како слободен играч. На почетокот на јули, тој потпиша двегодишен договор со ПСЖ.
Дефанзивецот сé уште нема одиграно ниту еден меч за парижаните, бидејќи продолжува со закрепнувањето од повредата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.