Утре на неговиот имот во Малага, капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос ќе го каже судбоносното „да“ на својата девојка Пилар Рубио. Шпанските медиуми ја нарекуваат веселбата „свадба на векот“, а самиот Рамос се потруди тоа навистина да е така.

Покрај тоа што на веселбата ќе присуствуваат многу познати личности од спортот, но и јавниот живот, како Зинедин Зидан, Жерар Пике и Шакира, Дејвид и Викторија Бекам и многу други, денеска беше објавено дека фудбалерот издвоил огромна сума само за музиката. Рамос платил милион евра за на свадба да му свират култните AC/DC.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.