Честитки за празникот испратија многу познати спортисти, а посебно внимание привлече онаа на Месут Озил. Озил постави слика од Ал Акса во Ерусалим и така испрати силна порака поради сите случувања во Палестина во овој период.
„Бајрам Мубарак на сите муслимани ширум светот. Сите наши молитви нека бидат слушнати и овој празник да го поминеме во благодет. Моите молитви денес ги испраќам и до браќата муслимани кои не можат да го обележат нашиот празник во мир“, напиша Озил под фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.