Веќе неколку трансфер период наназад името на првата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се поврзува со Барселона. Тој и минатото лето беше во центарот на вниманието, за на крајот Французинот да одлучи да остане во Мадрид и потпиша нов договор со клубот.

Сега пак, челниците на „јорганџиите“ се сигурни дека ќе останат без својот најдобар фудбалер. Тие сметаат дека напаѓачот има постигнато вербален договор со Барселона, а според информациите тој на „Камп ноу“ ќе заработува дури 17 милиони евра годишно.

Заради овие информации, управата на тимот од Мадрид веќе почнала да бара можни замени за одличниот Французин, а како фудбалери кои се на списокот на Атлетико се споменува Хрватот, Анте Ребиќ и Аргентинецот, Анхел Ди Марија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.