Еден од најдобрите тренери на сите времиња на бившојугословенските простори, Мирослав Ќиро Блажевиќ се наоѓа во тешка состојба, откако откри дека ракот повторно му се вратил и сега ги зафатил неговите коски.
Блажевиќ во разговор за „Јутарњи Лист“ посочи дека овојпат не е толкав оптимист како во претходните два случаи, зашто наодите кои ги има сега се алармантни и свесен е дека ситуацијата воопшто не е добра.
За жал, наодите се многу лоши. Лекарите ги убија метастазите на три места, ама во меѓувреме ракот се прошири на коските и на карлицата. Кога докторката ми рече дека ситуацијата не е добра, ПСА-вредностите беа четири. Веќе следниот пат таа вредност скокна на девет и тоа веќе беше алармантно, а на последниот преглед вредноста веќе е 20, изјави Блажевиќ.
Тој посочи дека е свесен дека му доаѓа крајот и дека не може вечно да живее.
Веќе извесно време ги нема ни Томислав Ивиќ, ниту Ото Бариќ, ни Влатко Марковиќ, го нема повеќе ни Цицо Крањчар. Си заминаа нашите тренерски великани, па не може ни јас да останам за семе. Помирен сум со ситуацијата, единствено што сакам е да си заминам без болки. Отсекогаш сум имал низок праг на толеранција за болки, додал Блажевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.