Поранешниот тренер на Ливерпул, 63-годишниот Рафа Бенитез, се врати во англиската Премиер лига и од идната сезона ќе седи на клупата на Евертон.
Премиерлигашот од Ливерпул соопшти дека потпишал тригодишен договор со шпанскиот стратег.
Назначувањето на Бенитез доаѓа по тринеделна робустна и сеопфатна постапка на регрутирање – процес што опфати повеќе разговори со неколку кандидати – се наведува во клупското соопштение.
Евертон ќе биде четвртиот англиски клуб во богата тренерска кариера на Бенитез, по Ливерпул (2004-2010), Челзи (2012-2013) и Њукасл (2016-2019).
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Валенсија и Наполи, ја освои Лигата на шампиони со Ливерпул во сезоната 2004/05, а на Челзи му го донесе трофејот во Лига Европа во 2014 година.
Евертон на крајот од минатата сезона го напушти Италијанецот Карло Анчелоти, кој се врати на клупата на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.