Публиката дефинитивно се враќа на трибините од спортските арени за завршницата од оваа натпреварувачка сезона. Ова попладнево го потврди Министерот за здравство, Венко Филипче, како дополнување на најавените препораки од Комисијата за заразни болести, за организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 отсто од целосниот капацитет.
Филипче во обраќањето пред новинарите потврди дека оваа мерка ќе се однесува и за спортските настани во наредниот период.
Донесена е одлука за отворање на фитнес центри и теретани. Исто така, дадена е и дозвола за одржување на еден дел од спортските натпревари со враќање на публиката и неофицијалните лица, што досега не беше дозволено, изјави Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.