Францускиот фудбалски шампион Пари Сен – Жермен денеска одигра нерешено 1-1 со Ница во натпреварот од 35. коло од Лига 1. Во текот на изминатите седум натпревари во сите натпреварувања парижаните остварија само една победа.
Ова е прв ваков случај откако клубот беше купен од шеиците во 2011 година.
Единствената победа во последните седум натпревари ПСЖ го победи Монако во француското првенство (3-1).
Покрај со Монако и Ница, ПСЖ во Лига 1 играше Стразбур (2-2), Лил (1-5), Нант (2-3) и Монпелје 2-3.
Клубот, исто така, загуби од Рен во финалето на францускиот куп (2-2, на пенали – 5-6).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.