Раководството на Пари Сен Жермен има намера да ја продолжи соработката со Нејмар, иако Бразилецот има да одработи уште три години според актуелниот договор.

Таткото на Нејмар соопшти дека постои голема веројатност неговиот син да остане во Париз уште долго време.

Нејмар е во ПСЖ втора година, а има да одработи уште три. Ние веќе преговараме за обновување на договорот. Нејмар беше предмет на шпекулации уште на 17-годишна возраст, кога дебитираше на професионално ниво. Тој имаше само два трансфера, но гласините за него се појавуваат сите овие десет години. Постои голема веројатност дека тој нема да замине, иако се споменува во секој трансфер прозорец како можно засилување за некој од врвните клубови, изјавил Нејмар Сантос сениор кој е и агент на Бразилецот.

Претходно беше објавено дека голем интерес за Нејмар пројавуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а заинтересирана за негово враќање била и Барселона.

Дваесет и седум годишниот Бразилец кој ги пропушти последните натпревари на ПСЖ поради повреда, оваа сезона настапи на 23 натпревари, постигна 20 гола и запиша 11 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.