Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, e високо на листата на желби на ПСЖ, објавува шпанското издание на „Дон Балон“. Според медиумот, парижаните сакаат да го засилат средниот ред, но и да им сигнализира на Килијан Мбапе и Нејмар дека тимот ќе ја зголеми конкуренцијата по уште еден неуспех во Лигата на шампионите.
Португалецот во случај на трансфер би можел да добие значително зголемување на платата.
Оваа сезона, 24-годишниот Бернардо Силва играше на 46 натпревари за Манчестер сити и постигна 12 гола со 12 асистенции. Неговиот договор важи до летото 2025 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.