Шпанецот Давид де Хеа не ги живее најдобрите денови во Манчестер Јунајтед. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид сезонава прими дури 51 гол во Премиер лигата, а според „Дејли Стар“, ПСЖ го искушува со неверојатно поволен финансиски предлог.

Во моментов Де Хеа зема 200.000 фунти неделна плата, а ПСЖ сакаат да го види шпанскиот голман во своите редови следната сезона. За тоа тие се спремни да му понудат два пати поголема плата, односно 400.000 фунти неделно.

Во моментов, стартер за ПСЖ е 41-годишниот Џанлуиџи Буфон, а од „Парк де Пренс“ гледаат на Де Хеа како решение за голманската позиција на долг рок.

И покрај многуте грешки во последно време, Шпанецот не престанува да добива поддршка од Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот. 28-годишниот Шпанец беше донесен на „Олд Трафорд“ во 2011 година, а до сега има вкупно 360 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и седум освоени трофеи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.